
ШТО ЛИ СЕ СЛУЧУВА ВО ГРЦИЈА: Освен кражби на возила, сега почнаа и да ги оштетуваат колите на туристите
Изминатите денови наголемо се зборува за проблемите претежно на српските туристи чии возила беа украдени во соседна Грција, додека тие биле на одмор. Некои возила беа пронајдени, меѓутоа, негативните информации не престануваат да пристигнуваат за нашиот сосед.
Ако до вчера се крадеа возила за криумчарење мигранти, сега тамошните деликвенти, почнаа и да ги оштетуваат возилата на туристите и тоа со боја.
„Денеска не пречека бојадисана кола во Неа Мудања, од полицијата не известија дека сме трети од утрово што го пријавуваме истото. Ништо не украле, само го сакале автомобилот“ вели искуството на една од членките на групата Грција инфо.

