Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ГО КОЧИ ГРАДЕЖНИШТВОТО – Се намалуваат примамливите локации, има вишок станови, еве какви се очекувањата за цените!
Економија

ШТО ГО КОЧИ ГРАДЕЖНИШТВОТО – Се намалуваат примамливите локации, има вишок станови, еве какви се очекувањата за цените!

18/09/2023

AA

По ударот од пандемијата, градежниот сектор е еден од секторите кои не успеават целосно да закрепнат од кочницата која се наметна по ковид кризата. Поради поскапувањата на материјалите, но и недостигот на работници, што наметна и потреба од раст на платите, овој сектор во Македонија иако имаше одредени подеми, се уште не успева да се врати на патеките пред пандемијата. 

Дополнително, загрижува и фактот што нема индикации кои упатуваат дека наскоро, некогашниот мотор на македонската економија ќе земе замав. 

Последните податоци на Државниот завод за статисика велат дека во текот на месец јули годинава биле издадени 280 одобренија за градба, што е дури 33,6 проценти помалку отколку во текот на истиот месец минатата година.
Слична тенденција беше забележана и во текот на месец јуни кога биле издадени 242 одобренија, при што имало пад во вкупниот број на издадени одобренија за дури 12,6 отсто во споредба со истиот месец претходната година.

Нешто пооптимистични бројки го краселе градежниот сектор во месец мај кога биле издадени 317 одобренија, каде бил забележан пад од само 1,9 проценти во однос на претходната година, додека пак во април имало пад од 2,1 отсто.
Иако првите три месеци од годината се чинеше дека градежништвото ќе земе замав, бидејќи имаше поголем број одобренија за градба во споредба со истите месеци минатата година, сепак, бројките за реализација говорат дека секторот работи се многу намален интензитет. 

Макроекономскиот мониторот на Институтот за економски анализи „Фајненс тинк“ покажува дека во вториот квартал од годинава, БДП се зголеми за 1,1 отсто на годишна основа, што претставува забавување на економската динамика во однос на претходниот квартал. 

– Овој пад е во линија со забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери. Сепак, секторски, само градежништвото забележа драматичен пад (-21,8 проценти), додека другите сектори растеа со слична или побрза динамика споредено со крајот од претходната и почетокот од годинава – се наведува во анализата. 

Познавачите на градежниот сектор, но и долгогодишни учесници во истиот за Фактор потврдуваат дека секторот сега се наоѓа во одредена намалена деловна активност, што се должи на повеќе фактори. 

Нашиот соговорник, Никола Велковски, појаснува оти кон намалените активнсоти во секторот уддел има недостигот на работна сила, скапите градежни материјали, но и намалување на примамливи локации за градба, што посебно се однесува на главниот град. 

– Моменталната состојба во градежништвото е следна. Точно е дека има намалување на интензитетот на станбено деловната градба и тоа од следниве причини. Пред се има се помалку квалитетни и слободни локации за градба во деловите од главниот град кои се интереси и профитабилни за градба. Тие што ги има или имаат нерешени и замрсени имотно правни односи помеѓу сосопствениците и заради тоа стојат или пак сопствениците бараат нереални услови за продажба на градежните парцели – појаснува Велковски. 

Тој за Фактор поврди дека овој период се чуствува и намалување на интересот за купување станови или деловни простории, што влијае и врз цената на станбен квадрат, што според него може да води кон пад на цените. 

– Сега веќе има застој во побарувачката на станови, бидејќи се скапи, а кредитните услови се влошени. Дополнително на пазарот има доста направени, а непродадени станови. Цената за градба е скапа, бидејќи поскапе работата рака, а уште поголем проблем е што ја нема, па затоа цените на становите и на деловните простории мируваат, но градежниците се во неможност да ги продадат и веќе размислуваат за некакви мали намалувања на цената на становите и деловните простории – укажува Велковски. 

 П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy