Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што Германија ја прави наша сестра, а другите земји од ЕУ само партнери?
Економија

Што Германија ја прави наша сестра, а другите земји од ЕУ само партнери?

15/02/2023

AA

Ноторен и неоспорен факт е тоа што Германија долг период наназад е единствен и најголем пријател па дури и старател на македонската екомија. Податоците за нашиот извоз и континуиран суфицит (плус н.з.) во нашата трговска размена покажуваат дека ние не можеме без Германија

Германскиот пазар останува најголем заштитник и партнер на македонската извозно ориентирана економија. Во текот на минатата година нашите компании во Германија извезле стоки во вредност од 3,74 милијарди евра. Тоа е за половина милијарди евра повеќе од претходната споредбена година кога нашиот извоз бил 3,23 милијарди евра.

Германија во континуитет е е убедливо најголем пријател и трговски партнер на Македонија, а тоа редовно го покажува и во пракса за разлика од други држави кои само декларативно се загрижени за нашата економија и за развојот на Македонија во нејзиното преближување кон европската перспектива.

Токму заради податоците за трговската размена со Германија и силата и влијанието кои го овозможуваат тие, никој не треба да биде зачуден или изненаден од големото и силно влијание на германските интереси артикулирани преку нивната државна политика во однос на Македонија.

За нас, меѓу другото, е многу значајно и тоа што Германија е одржувач и силен бедем и на девизниот курс на денарот. Затоа што во трговксата размена со Германија ние имаме трговски суфицит (нашиот извоз таму е поголем од нивниот увоз кај нас) за 2,7 милијарди евра. Тоа е една од ретките држави со кои имаме трговски суфицит во размената, а е единствена со која имаме суфицит кој надминува 1 милијарда евра.

Во вкупниот наш извоз што лани достигна 8,3 милијарди евра само Германија конузмира 45 отсто.

Од друга страна мора да има алтернатива за огромната македонска извозна зависност од германскиот пазар. Во случај на подолгорочна рецесија на тој пазар кај нашите извозно ориентирани компании ќе има силно негативно, па дури и разорно влијание.

Кои се други земји со кои имаме ќар во трговската размена?

Не се бројни државите со кои имаме суфицит во трговската размена, односно во кои извезуваме повеќе одошто увезуваме. На листата е нашиот традиционален извозен партнер соседно Косово. Нашиот извоз таму лани обезбеди 378,8 милиони евра што е за 275 милиони евра повеќе од увозот од таа соседна земја.

Изненадувачки за многумина е што на оваа кратка листа е и Унгарија , земја што во нашите медиуми најчесто е актуелна заради политичкиот азил на поранешниот премиер Никола Груевски. На тој пазар лани сме извезле стоки вредни 256 милиони евра што е за 38 милиони евра повеќе од вредноста на увозот.

На оваа кратка листа се уште Белгија и Шпанија. Со Белгија сме во плус речиси 30 милиони евра, а со Шпанија околу 35 милиони евра. Поголем трговски партнер ни е Шпанија каде сме пласирале стоки вредни 167 милиони евра, а во Белгија 133 милиони евра.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy