Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што ќе значи ако Украина влезе во НАТО? Членките во алијансата поделени, а одлуката се носи со консензус
Македонија

Што ќе значи ако Украина влезе во НАТО? Членките во алијансата поделени, а одлуката се носи со консензус

12/06/2023

AA

Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година, се обидува да се приклучи на НАТО што е можно поскоро, но членките на западната воена алијанса се поделени околу тоа колку брзо треба да се преземе тој чекор.

Додека источноевропските земји сакаат на Киев да му биде понудена некаква временска рамка на самитот на НАТО во Вилнус во средината на јули, западните членки како САД, Франција и Германија се претпазливи за каков било потег што би можел да ја доближи Алијансата до војна со Русија. Одлуката за покана на земја во Северноатлантскиот договор мора да биде донесена со консензус.

На самитот во Букурешт во 2008 година, НАТО се согласи Украина – која, како и Русија, беше дел од Советскиот Сојуз до неговиот распад во 1991 година – на крајот да се приклучи на алијансата. Но, лидерите на НАТО досега не презедоа конкретни чекори за таа цел – како што е давање на Киев т.н. Акционен план за членство (МАП), кој би поставил распоред за приближување кон блокот.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во април во Киев изјави дека Украина има место во НАТО, но не прецизираше временска рамка. Тој подоцна јасно стави до знаење дека Украина нема да може да се приклучи се додека војната со Русија трае.

На почетокот на јуни, украинскиот претседател Володимир Зеленски го потврди овој став и рече дека Украина разбира дека не може да биде прифатена во НАТО додека трае војната.

Членот 10 од Вашингтонскиот договор вели дека членството во НАТО е отворено за секоја „европска земја во позиција да ги промовира принципите на Договорот и да придонесе за безбедноста на северноатлантската област“.

Од 1999 година, повеќето земји кои сакаат да се приклучат на НАТО учествуваат во МАП, програма дизајнирана да им помогне да исполнат одредени политички, економски и воени критериуми.

Кандидатите за членство треба да бидат функционални демократии кои се однесуваат праведно кон нивните малцинства, се посветени на мирно решавање на конфликти и покажуваат дека се способни и спремни да придонесат воено во операциите на НАТО.

Сепак, не е јасно како ќе изгледа патот на Украина кон членство.

И покрај тоа што не ја доби МАП, војската на земјата направи големи чекори во транзицијата кон стандардите на НАТО од руската инвазија пред 15 месеци. Овој процес, на воениот фронт, ќе се забрза бидејќи на Киев постепено му снемува советско оружје и муниција, додека Западот ги обучува украинските војници според стандардите на НАТО и испраќа сè понапредно оружје во земјата.

На крајот на краиштата, колку брзо и под кои услови ќе и се дозволи на Украина да влезе во НАТО, ќе зависи од сегашните 31 земја-членка.

Заштитен чадор

Со тоа што ќе стане членка на НАТО, Украина ќе се најде под заштитниот чадор на членот 5 од Вашингтонскиот договор, кој вели дека нападот врз еден сојузник се смета за напад врз сите сојузници.

Клаузулата за взаемна помош на НАТО е основата на алијансата, основана во 1949 година со примарна цел да се спротивстави на ризикот од советски напад на сојузничката територија.

Во исто време, членот 5 се наведува како една од главните причини зошто Украина не може да се приклучи на НАТО додека е во конфликт со Русија, бидејќи може веднаш да ја вовлече алијансата во активна војна.

Кремљ соопшти дека ќе предизвика проблеми во наредните години доколку Украина влезе во НАТО. Тој предупредува дека Москва ќе ги обезбеди своите интереси и безбедност, за кои вели дека се загрозени повеќе од две децении од проширувањето на сојузот на исток, кон европските граници со Русија.

Кремљ долго време гледа на проширувањето на НАТО во Источна Европа како доказ за непријателството на Западот кон Русија – што западните сили го негираат, велејќи дека алијансата е целосно одбранбена по природа – и ја наведе како клучна причина за нејзината одлука да испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
Македонија

🎥 ЕВАКУИРАНИ 180 ЛУЃЕ ВО КИЧЕВСКО Мајка со две деца

15/02/2026
Македонија

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ДОЖДОТ: Евакуирани 180 кичевчани, драма во Гостивар

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41495
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy