Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што е важно за да имате здрав брак?!
Магазин

Што е важно за да имате здрав брак?!

30/05/2025

AA

Кога сме млади фантазираме да ја најдеме нашата сродна душа за да живееме „среќно до крајот на животот“, но реалноста е дека бракот е напорна работа.

Кога во сето ова ќе ги вклучиме децата, бракот станува уште поголем предизвик. Затоа, партнерите мора да се грижат за негување на нивниот личен однос, како и за односот со своите деца.

Понекогаш тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Но, терапевтката Ванеса Морган сподели неколку совети кои може да помогнат.

Во објавата таа детално објасни пет принципи кои таа и нејзиниот сопруг ги применуваат за да го негуваат својот брак.

1. Направете тајм-аут

„Кога расправијата станува премногу вжештена, си даваме простор еден на друг. Ветуваме дека ќе се вратиме на разговорот откако ќе се смириме за да можеме поефективно да комуницираме. Ова ни помага да избегнеме да кажуваме грди работи во вжештена атмосфера и промовира поздраво решавање на конфликтите“, објасни Морган.

2. Чувајте си го грбот јавно и приватно

„Склучивме пакт никогаш да не зборуваме лошо еден за друг, особено пред други луѓе, вклучувајќи ги и нашите деца. Веруваме дека одржувањето на меѓусебната почит е клучно за силно и партнерство исполнето со љубов“.

3. Преземете одговорност за „предизвикувачите“

Емоционален предизвикувач (тригер) може да биде личност, збор, настан или искуство што предизвикува емоционална реакција. Терапевтката објаснува како таа и нејзиниот сопруг се справуваат со нив.

„И двајцата препознаваме дека имаме ‘тригери’ кои можат да влијаат на нашите емоции и реакции. Наместо да се обвинуваме еден со друг, се обврзуваме да се грижиме еден за друг. Овој договор ни помага да се движиме низ тешките моменти со емпатија и разбирање“.

4. Прифатете ги несовршеностите

„Прифаќаме дека не сме совршени и дека и двајцата имаме недостатоци. Ветивме дека никогаш нема да се срамиме или критикуваме за нашите несовршености. Наместо тоа, избравме да се прифатиме. Овој принцип ни овозможува да растеме заедно како поединци, но и како двојка“, сподели Морган како четврти совет.

5. Споделете ги вашите чувства искрено (дури и кога тоа е тешко или страшно)

„Се договоривме да ги споделуваме нашите мисли и чувства на јасен начин и со почит, дури и ако мислиме дека тоа може да го вознемири другиот. Неверојатно е важно да не ја криете вистината од вашиот партнер само затоа што мислите дека тоа ќе го вознемири. Вашиот партнер да има свои автентични реакции и чувства е важен дел од здравата врска“, заклучува Морган.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy