
Што ќе прави Швајцарија со замрзнатите руски пари?
Властите во Швајцарија велат дека конфискувањето на руската сопственост е неуставно. Додаваат дека со оваа мерка го кршат Уставот.
Швајцарија замрзна 7,5 милијарди швајцарски франци или околу 8,13 милијарди американски долари. Официјален Берн сакал да утврди што може да се направи со таа сопственост, по идеите на Европската комисија со тие пари да се финансира воената отштета на Украина или поствоеното обновување на земјата. Но, финансиско-правните експерти рекоа дека тоа е тешко изводливо.
„Поддршката за Украина ќе продолжи, независно од дискусиите за замрзнатата сопственост“, извести во средата швајцарската влада.
Швајцарскиот закон не дозволува одземање на приватна сопственост со законско потекло без соодветен надомест.
Инаку, Швајцарија исто така воведе санкции за Русија и за поединци од оваа земја.
Брисел бара Русија да плати за обнова на Украина.

