Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ШТО Е МОЕ, ШТО ЌЕ НОСАМ ЈАС НА ДРУГИОТ СВЕТ?: Во поткастот „Бизнис муабети“ Огнен Оровчанец открива кој го наследува и каков став има кон богатството
Економија

„ШТО Е МОЕ, ШТО ЌЕ НОСАМ ЈАС НА ДРУГИОТ СВЕТ?: Во поткастот „Бизнис муабети“ Огнен Оровчанец открива кој го наследува и каков став има кон богатството

11/08/2024

AA

За тоа како се успева, дали е лесно и колку се заработува, може да погледнете во најновиот поткаст „Бизнис муабети“ на Фактор со Огнен Оровчанец, сопственик на Агроунија, компанија за семенски производи и ѓубрива. На пазарот егзистираат 35 години.

Оровчанец е дел од оние македонски бизнисмени кои ги плетат успешните бизнис приказни во Македонија.

Компанијата е формирана во 1989 година, а годинава одбележува јубијелни 35 години постоење.

Оровчанец вели дека во земјоделството во Македонија се врат десетици па и стотици илјади евра, а за неговата компанија вели дека е сериозна.

„За 35 години не сум се обогатил лично, но фирмата е сериозна. Имаме магацин од 2.500 квадрати, дирекција, продавници, возен парк“, вели тој.

Дополнително тој вели дека добри пари се вртат од продажба на семиња и ѓубрива, но потенцира дека 40 проценти од пазарот припаѓа на сивата економија. 

На прашањето колку може да се заработи од земјоделство, Оровчанец вели дека само ѕвездите се лимит.

Вели тешко е да се најдат работници, бидејќи младите не сакаат да работат и покрај тоа што им нудат плата близу илјада евра, поточно 50 илјади денари. 

Сега вели ќерка му е таа што полека го презема бизнисот,  тој, иако е во пензија, согласно сите законски прописи е управител и вели, понекогаш „си тера мајтап, некогаш се нервира или ги нервира, но тоа е животот“.

Вели дека нема луѓе за работа. Нема млади кои сакаат да работат. 

„Бараме тракторсти не можеме да најдеме и за 50 илјади денари плата. Овчари одамна нема дури и за 1000 и повеќе евра плата“, вели тој.

Вели дека кај нас уште е срамота да се каже дали некој е богат или не, а богатството е релативно. Вели дека 90 проценти од работите што ги има, се во сопственост на фирмата. 

„Што е мое, што ќе носам јас на другиот свет?“ вели тој.

Оровчанец за себе вели дека не е среброљубец, кога би бил сигурно би направил повеќе од тоа што го има денес, но, не би бил задоволен.

Има куќа од татко му која тој ја реновирал и апартман на страна.

„Јас сум задоволен од тоа што сум го направил. Од ништо сме направиле фирма од која што живееле, работеле, 30,40 па и 50 луѓе“, вели тој.

На прашањето дали е скржав, и дали им дава пари на децата за излегување, тој вели дека неговите деца се нормално воспитани, односно,  знаат дека парите имаат вредност, дека треба напорно да се работи, а задоволството неговите деца треба да го најдат на друго место. 


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026
Македонија

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците

10/06/2026
Македонија

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови

10/06/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова по средбата со Јотова: Уставните измени не се единствениот

10/06/2026
Македонија

Избрани нови претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и локална нестабилност во неколку

10/06/2026
Македонија

Д-р Дохчев: Органодарителството е најголема вредност за човештвото

10/06/2026
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Штип бара помош од соседните противпожарни единици за пожарот!

10/06/2026

По барање на Општина Штип, побарана е помош од соседните противпожарни единици, а екипи од ТППЕ Кочани и ТППЕ Свети

Јорданов: Приоритет е заштита на имотите на граѓаните – доброволците се мобилизирале за само 10

10/06/2026

Големиот пожар кој избувна над Штип и се движеше во правец на централното градско подрачје е ставен под контрола. Брзата

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди одлуките на ИК за нови претседатели на комитети и донесе

10/06/2026

На вечерашната седница на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително беа усвоени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy