Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што договорија Вучиќ и Курти во Брисел?
Регион

Што договорија Вучиќ и Курти во Брисел?

02/05/2023

AA

Белград и Приштина усвоија Декларација за исчезнати лица, a се разговара за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО). 

Во Брисел почна нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, а на неа присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

„На крајот треба да имаме статут кој е прифатлив за двете страни, и за Косово и за Србија, во согласност со европските стандарди. Тоа е првиот важен чекор“, изјави Лајчак за хрватската новинска агенција Хина.

Тој посочи дека ова е првпат да се види работата на Управувачкиот тим, кој го сочинуваат четири лица стационирани на Косово, кои беа формално ангажирани од косовската владата, но беа предложени од општините со мнозинско српско население.

Тој повтори дека ЕУ не сака да создаде ЗСО врз основа на модел кој досега не бил тестиран во светот, туку врз основа на некои од постоечките европски модели.

Вучиќ претходно се пожали дека големи сили од Западот се на страната на Косово. 

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека Косово треба да го претстави својот нацрт Статут на Заедницата на српските општини, изготвен во согласност со Уставот на Косово, одлуката на Уставниот суд од 2015 година и писмениот став на САД, пренесува „Дукаџини“.

Османи изјави дека овој нацрт на Статутот на ЗСО треба да биде основа за преговори.

Фото: BETAPHOTO / Sipa Press / Profimedia

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy