Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО БИ ЗНАЧЕЛ ТРАМПОВИОТ ВТОР МАНДАТ ЗА ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА – еве какви ќе бидат промените
Економија

ШТО БИ ЗНАЧЕЛ ТРАМПОВИОТ ВТОР МАНДАТ ЗА ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА – еве какви ќе бидат промените

18/07/2024

AA

Шансите Доналд Трамп да ги премести периката, стаповите за голф и Меланија назад во Белата куќа скокнаа во последните десет дена (по првата дебата со актуелниот претседател Џозеф Бајден и, особено, неуспешниот обид за атентат на републиканскиот митинг). Економистите на Голдман Сакс велат дека уште еден мандат на поранешниот американски лидер може да има „длабоки импликации“ за економијата на еврозоната.

„Нашите основни проценки укажуваат на значителен пад на бруто домашниот производ, од околу 1 процент, со скромно зголемување на инфлацијата од 0,1 процентен поен“, се вели во белешката објавена еден ден пред инцидентот во саботата, во која се заклучува дека „реизборот на Трамп би претставувал значителен негативен ризик за инаку конструктивната прогноза за раст на еврозоната“.

Тензии во трговијата

Имено, трговската политика на Трамп би можела да биде еден од факторите кои ќе влијаат на европската економија, исто како и во неговиот прв мандат, поради што се зголемија тензиите меѓу американската администрација и Европската унија. Соединетите Американски Држави воведоа царини за европскиот челик и алуминиум, што доведе до одговор од Унијата, во форма на воведување „реципрочни“ царини за американските стоки. Ова предизвика неколкумесечна загриженост за тоа дали слично сценарио ќе ги погоди другите сектори, како што е автомобилската индустрија, што во голема мера влијаеше на расположението на пазарот. 

Сега Трамп вети дека, доколку добие нов мандат, ќе воведе царина од 10 отсто за сите стоки увезени во Америка, што веројатно ќе доведе до расположение слично на она од 2018 и 2019 година, како и нагло скок на неизвесноста во областите на трговијата. Ваквата неизвесност историски има значително и долготрајно влијание врз економската активност во еврозоната, велат економистите и потсетуваат дека последица во 2018 и 2019 година беше пад на индустриското производство во еврозоната за околу 2 отсто. Некои земји како Германија се очекува да бидат потешко погодени бидејќи тие повеќе се потпираат на индустриското производство.

Трговските тензии, исто така, може да предизвикаат пад на бруто домашниот производ на еврозоната, и додека неизвесноста околу трговската политика би можела да ги намали цените, повеќе царини би можеле да ги вратат назад.

Одбранбени и безбедносни притисоци

Поранешниот (и иден?) американски претседател најави дека ќе ја намали или целосно ќе ја откаже американската помош за Украина и навести дека нема да им помага на земјите од воената алијанса на НАТО кои не го исполнуваат условот од два проценти. Имено, по руската анексија на Крим во 2014 година, шефовите на држави и влади на НАТО се договорија да потрошат 2 отсто од својот БДП за одбрана до 2024 година. Исполнувањето на ова барање и потенцијалното враќање на барем дел од американската финансиска поддршка за Украина може да има влијание врз европската економија. Во белешката на Голдман Сакс се наведува дека од европските земји би можело да се побара да инвестираат дополнителни 0,5 отсто од БДП во војската, т.е. „одбранбени“ трошоци годишно за време на вториот мандат на Трамп. Геополитичката несигурност и ризици може да се појават и како резултат на одбранбената политика на Трамп кон Европа и неговиот став кон НАТО, особено ако се покренат прашања за тоа колку САД навистина се посветени на воената алијанса.

Последици од промените во макроекономската политика

Трет начин на кој политиките на Трамп би можеле да влијаат на економијата на еврозоната е преку „домашните“ планови, како што се даночните намалувања. „Промените на макроекономската политика за време на првиот мандат на Трамп доведоа до значителни прелевања во Европа преку посилна американска побарувачка и построги американски финансиски услови“.

И додека очекуваното намалување на даноците во САД би можело да ја поттикне економската активност во Европа, во комбинација со други очекувани промени на пазарот, целокупното влијание веројатно ќе биде ограничено, бидејќи ефектот од повисоките долгорочни стапки ќе биде неутрализиран со значително послабо евро.

Оптимист не е ниту ММФ

Во последниот извештај за состојбата на глобалната економија, објавен на 16 јули, ММФ го истакна ризикот од големи промени во економската политика како резултат на овогодинешните избори. САД не беа директно спомнати, но импликацијата беше доволно јасна. Намалувањето на даноците (што Америка навистина не може да си го дозволи) може да доведе до поголеми проблеми со надворешниот долг, долгорочни ефекти од повисоки каматни стапки и зголемен протекционизам.

Економистите се согласуваат дека економската стратегија на Трамп е високо протекционистичка, но и некохерентна и опасна. Некохерентна затоа што мисли дека тарифите што има намера да ги наметне за стоките што влегуваат во САД од Кина (и други земји) ќе ја надоместат загубата во буџетот предизвикана од намалувањето на данокот на доход. Во реалноста, тарифите значат повисоки цени за американските потрошувачи, што најмногу ќе им наштети на оние со ниски и средни приходи. Од друга страна, даночните намалувања главно ќе имаат корист за корпорациите и богатите поединци (кои всушност се „целната група“ на Трамп уште од неговиот прв мандат).

Не треба да ги занемариме последиците од неговата изолационистичка надворешна политика, а тоа се поскапите стоки и „понервозните“ финансиски пазари. Трамп сака слаб долар, но во минатото доларот зајакна во време на зголемена глобална нестабилност, што сигурно ќе го произведе неговиот втор мандат.

Можните последици од сето ова се очигледни: стагфлација, обиди да се овластат Федералните резерви да ги намалат каматните стапки, уште поголема криза за сиромашните земји кои се задолжија во долари… И сето тоа без воопшто да се земе предвид ризикот дека „ студена војна“ со Кина може да се загрее.

Бонитет.ком

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy