
Што би се случило ако Украина денес влезеше во НАТО? Активирањето на член 5 би бил следниот чекор, а ТОА ЗНАЧИ САМО ЕДНО!
Потенцијалното членство на Украина во НАТО е главна тема на дводневниот самит на Алијансата, кој почна денеска во главниот град на Литванија, Вилнус.
Би-би-си објаснува што би се случило доколку Украина влезе во НАТО.
Се потсетува дека Алијансата во 2008 година најави дека Украина во иднина би можела да стане членка на Северноатлантскиот договор, но неодамна го одби барањето на Киев за забрзано членство.
Би-Би-Си наведува дека пречка за таквиот развој е членот 5 од Повелбата на НАТО во кој се вели дека, доколку биде нападната една земја-членка на Алијансата, сите други земји од таа воена алијанса треба да застанат во нејзина одбрана. ако Украина сега влезе во НАТО, тоа технички би значело дека сите земји-членки на Алијансата мора да и објават војна на Русија.
The security reality here on NATO’s eastern flank depends on Ukraine. When we applied to join @NATO, we were frank: 🇺🇦 is de facto already in the Alliance. Our weapons are the weapons of the Alliance. Our values are what the Alliance believes in. Our defense is the very element… pic.twitter.com/V9I5wYh2j7
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) July 10, 2023
Би-би-си јавува дека Киев се помирил со фактот дека Украина не може да стане членка на Алијансата додека трае конфликтот, но сака да се приклучи на НАТО што е можно поскоро по неговото завршување.
Британскиот медиумски сервис наведува дека Обединетото Кралство се залага за забрзан прием на Украина во НАТО, а балтичките држави и земјите од источна Европа бараат од Алијансата јасно да му објасни на Киев кои дополнителни услови Украина мора да ги исполни.
Би-Би-Си наведува дека некои од сојузниците, вклучувајќи ги САД и Германија, се повнимателни. Тие бараат од Киев прво да се бори против корупцијата, да го зајакне судскиот систем и да обезбеди цивилна контрола над војската.
Тие, исто така, се загрижени дека прифаќањето на Украина ќе го вовлече НАТО во војна со Русија.