
Штипските пожарникари се вратија од разрушениот турски град Адијаман
Петте штипски пожарникари кои вчера во доцните часови пристигнаа од турскиот град Адијаман, денеска беа на прием кај штипскиот градоначалник Иван Јорданов.
Благодарност за напорната работа, пожртвуваноста и помошта која ја понудија на најпогодените подрачја од земјотресот упати Јорданов кон пожарникарите, а ги награди и со еднократна парична помош во висисна од една нето плата.