Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Штип: „Пожарникарите ми рекоа дека не излегуваат ако не е мој оџакот“ – Две жени завршија на Токсикологија
Македонија

Штип: „Пожарникарите ми рекоа дека не излегуваат ако не е мој оџакот“ – Две жени завршија на Токсикологија

03/01/2026

AA

Две жени од Штип се итно префрлени на Клиничкиот центар во Скопје по труење со чад во пожар, но она што ја вознемири јавноста е сведоштвото кое пристигна до редакцијата на 4news.mk. Според очевидец, службите одбиле да реагираат на пријава за пожар бидејќи повикот не бил од сопствениците на станот.

Штипската противпожарна единица имала полни раце работа во текот на вчерашниот ден со два одделни пожари на оџаци, од кои едниот заврши со тешки последици по здравјето на станарите.

Додека пламените јазици голтале имот, а чадот ги гушел станарите, граѓанин кој го забележал пожарот од својот балкон тврди дека се соочил со апсурден бирократски одговор.

Ова сведоштво отвора сериозни прашања за протоколите за итни интервенции – дали е можно да се чека пријава од сопственик додека луѓе се во опасност од задушување?

Првиот и покобен пожар избувнал рано изутринава, околу 06:00 часот, на улицата „9 Мај“.

Огнот бил толку силен што зафатил и соседен стан, сопственост на 61-годишен штипјанец.

Истиот ден, околу 18:30 часот, избувнал втор пожар во зграда на булеварот „ЈНА“. Овде огнот од оџакот се проширил низ вертикалата, зафаќајќи делови од становите од првиот до петтиот кат. За среќа, во овој инцидент нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од екипите на ТППЕ Штип.

Полицијата извршила увид и за двата настани, а известен е и Јавен обвинител. Останува да се види дали ќе има истрага и за наводите за ненавремена реакција на службите по повиците на вознемирените соседи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy