Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Штип и Струмица ја започнаа 2026 со женски бебиња – малиот Герасим е првата радост за Прилеп
Македонија

Штип и Струмица ја започнаа 2026 со женски бебиња – малиот Герасим е првата радост за Прилеп

01/01/2026

AA

Додека празничниот огномет го најавуваше доаѓањето на 2026 година, македонските градови ги пречекаа своите први жители. Со многу радост, желби за здравје и традиционални посети од локалните власти, првиот ден од годината помина во знакот на новиот живот.

Во Клиничката болница во Штип, првото новороденче е Петра, родена точно во моментот кога стрелките се поклопија на полноќ. Таа е прва рожба на 40-годишната Марија Јанкова-Петрова.

Бебето е тешко 3.550 грама и долго 50 сантиметри.

Градоначалникот Иван Јорданов и директорот Владко Захариев ја посетија мајката, посакувајќи бериќетна година. Јорданов ја посети и приватната болница „Д-р Органџиски“, каде првото бебе во новата година е машко.

Во Струмица, првото бебе во 2026 година пристигна во 07:20 часот наутро. Се работи за женско бебе, трето дете во семејството на мајката Катерина Тодорова, која и самата е докторка по професија. Новороденчето е со тежина од 3.950 грама и должина од 52 сантиметри.

Прилеп ја започна годината со машко бебе. Малиот Герасим се роди во 02:23 часот по полноќ како второ дете во семејството на Софија Никоска Маџароска. До пладне на 1 јануари, во прилепската болница се родиле вкупно три дечиња. Градоначалникот Дејан Проданоски го посети семејството, нагласувајќи дека децата се најголемата иднина на општината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy