Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шпанија ја освои Лига на нации, Модриќ (ќе) се пензионира без трофеј со Хрватска (ВИДЕО)
Спорт

Шпанија ја освои Лига на нации, Модриќ (ќе) се пензионира без трофеј со Хрватска (ВИДЕО)

18/06/2023

AA

Репрезентацијата на Шпанија е третиот победник во историјата на Лигата на нации, откако по рововска борба, која траеше повеќе од 120 минути, во вечерашното финале во Ротердам ја совлада Хрватска дури по изведување пенали.

Регуларниот дел и продолженијата завршија без ниту еден гол, во трвда игра без многу шанси, по што победникот мораше да биде решен со удари од белата точка. Херој во таборот на „црвената фурија“ беше голманот Унаи Симон, кој со пантерски скокови одбрани два пенали на „коцкестите“ и беше најзаслужен за успехот на својата селекција.

🚨🚨| Carvajal SCORES and Spain win the Nations League!

pic.twitter.com/vSfAuATm5c

— CentreGoals. (@centregoals) June 18, 2023

Ова беше исклучително емотивна вечер за хрватската селекција, со оглед што натпреварот, засега неофицијално, беше најавен како последен за Лука Модриќ во репрезентативниот дрес, поради што на стадионот имаше далеку повеќе навивачи со „шаховници“ во рацете со желба да го пензионираат својот херој со прв репрезентативен трофеј во кариерата. Но, Хрватите немаа среќа, па ѕвездата на Реал Мадрид нема да може со трофеј од големо натпреварување да ja круниса 17-годишната репрезентативна кариера во која досега собра 165 настапи со 24 постигнати гола.

Пред Шпанија, победници во Лигата на нации беа Франција односно Португалија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy