
Шолц оди кај Путин?! Се огласи германскиот канцелар!
Германскиот канцелар Олаф Шолц реагираше на гласините за негово можно патување во Москва.
Шолц реагираше на гласините за негово можно патување во Москва и ги нарече многу груби лаги.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече лага изјавата на пратеникот во Бундестагот од опозициската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) до Бундестагот Родерих Кизеветер дека канцеларот наводно ќе ја посети Москва пред 23 февруари.
-Ова е лажна изјава, рече Шолц, според медиумската група РНД.
-Ова е многу грубо, додаде канцеларот, коментирајќи ги овие гласини.
Да потсетиме, пратеникот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Бундестагот, Родерих Кизеветер, предупреди дека средбата меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин е планирана за март, а во март би можел да отпатува и германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва.