Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти
Македонија

Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти

29/10/2023

AA

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека преговорите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, не пропаднале, бидејќи, како што нагласи, и двајцата изразиле подготвеност за спроведување на постигнатите договори и за формирање на Заедница на српски општини.

– Сега имаме изјава од Курти и Вучиќ дека ќе ги спроведат мерките од документите што ги подготвивме, Основниот договор, Охридскиот договор и сега и концептот на конкретен нацрт за формирање на ЗСО. Тоа е јасно кажано и тоа е важен чекор, истакна Шолц во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Тој додаде дека е важно овие чекори да се преземат сега и сите кои имаат политичка одговорност на терен да најдат сила да се подготват за иднината.

– Ова не е нешто каде што може да се каже кој има најмногу поени, туку како можеме да изградиме иднина за граѓаните на Косово и Србија и мирна перспектива за нив. И Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ, а за тоа тие мора да станат најдобри соседи, посочи Шолц, додавајќи дека тоа може да се случи само ако за лидерите тоа е приоритет.

Во денеска усвоените заклучоците на Европскиот совет се наведува дека Белград и Приштина мора да продолжат со постојаните напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори во северно Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Никој не треба да ги зголемува цените на нафтата!

23/06/2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека

Трамп: Ако режимот не може повторно да го направи Иран голем, зошто да не се

23/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако сегашниот режим во Иран не е во можност „да го направи Иран повторно

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy