
ШОКАНТНО: СРПСКИ ПРАТЕНИК ГЛЕДА ФИЛМ ЗА ВОЗРАСНИ НА МОБИЛНИОТ – додека неговите колеги жестоко расправаат за најважното национално прашање, Косово
Пратеник на парламентарна партија во Србија на мобилен гледал филмови за возрасни додека Националното собрание расправало за европскиот план за Косово!
На видеото кое се појави на социјалните мрежи, јасно се гледа како овој пратеник, седнат во собраниската клупа, повеќе од минута и пол ја гледа акцијата на мобилниот телефон, додека жестока дискусија за најважното национално прашање продолжува зад говорницата. Додека гледа видео со експлицитна содржина, овој пратеник не им обрнува внимание ниту на многубројните колеги кои седат во клупите до него.
Иако на видеото не се гледа неговото лице и не може со сигурност да се утврди неговиот идентитет, на Твитер се тврди дека станува збор за Звонимир Стевиќ, пратеник од Социјалистичката партија на Србија.
Дебатата за Косово во Народното собрание се одржа во четврток и петок на 3 и 4 февруари.