
ШОКАНТНО: Британец се обидел да ја отвори вратата од авионот кој полетал од Задар (ВИДЕО)
Вистинската драма се случила во петокот на летот на Рајанер од Задар.
ТикТокер објави видео од млад Британец кој, како што тврди таа, бил под дејство на опијати и се обидел да ја отвори вратата од авионот.
Кога истрчал кон вратата, две млади момчиња физички го совладале. Инаку, повеќето патници на тој лет се враќале од фестивалот Hideout во Зрќа во Новаља, пишува далматинскиот портал.
Судејќи според видеото објавено подоцна, тој бил исфрлен од летот.
Фото: Принтскрин/ТикТок