Шокантни податоци: Секој петти вработен во полицијата и здравството користи боледување
Масовни злоупотреби на боледувањата се детектирани во институциите каде се носи униформа, вклучувајќи ги полицијата и здравството. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски, во интервју за 4tv.mk откри дека постојат клиники каде дури 20% од вработените се истовремено на боледување.
„Најчестата манипулација е ‘цик-цак’ боледувањето – пациентот е 10 дена отсутен, па доаѓа еден ден на работа за да избегне комисиска контрола и повторно зема боледување за друга дијагноза,“ појасни Клековски за 4tv.mk. Посебна контрола во МВР покажала дека кај секое петто издадено боледување не биле запазени процедурите. Покрај ова, детектирани се и случаи на „двојна наплата“ кај матичните гинеколози, каде услугите кои се веќе платени од Фондот, незаконски им се наплаќале и на пациентите.