
Шкупи се пофали со нов терен и веднаш му го – вандализираа! (ФОТО)
Во вечерните часови, се уште непознати лица и од непознати причини, влегле на стадионот и ја оштетиле тревата во која клубот вложи големи средства.

„Вечерва, злобни и лоши лица ја уништиле подлогата која е поставена неодамна, Актот на демолирање на теренот на стадионот во Чаир е пример на вандализам кој оди против нашите желби за развој на спортската инфраструктура во нашиот храм. Вакво однесување не е само уништување на теренот, туку и на нашата надеж овој стадион да им користи на младите и на заедницата“, пишува, меѓу другото, во соопштението од Шкупи.
Поради поставувањето на новата подлога, Шкупи одлучи натпреварот против Брегалница од следното коло на Првата македонска фудбалска лига да го игра на стадионот на Башкими во Куманово.
