
Шкупи ќе игра во црни дресови поради настраданите од земјотресот во Турција
Газда на чаирчани е турскиот бизнисмен Олгун Ајдин, па „гулабите“ во знак на почит кон сите жртви се решија да ги сменат клупските бои во оваа сезона, а стартот на вториот дел од сезонава им е в недела во Кичево против Шкендија во дербито на колото, поради суспензијата на теренот на Чаир после инцидентите во Купот против истиот противник кој поради прекинот по десет минути го загубија службено.
„Клубот одлучи во знак на почит кон сите жртви во земјотресот во Турција и Сирија до крајот на сезоната да игра со црни дресови“, објавија чаирчани.