
Шкендија и Шкупи со победи ги почнаа подготовките за евроавантурата
Шкендија во Словенија каде од пред некој ден е на подготовки со 3-2 го победи романски Петролул на дебито на новиот стратег Ардијан Нухии.
Ералдо Чинари со ефектен гол од слободен удар ја донесе победата во 35-та минута, откако двапати Петролул се враќаше по негатива, прво по гол на Чинари во 4-та минута, а потоа и на Наско Милев во 17-та минута.
Шкупи, пак, кој е на подготовки во Болу (Турција) со 2-1 против Херманштад, а двоен стрелец за победата на чаирчани беше екс-младинскиот репрезентативец на Македонија, Кристијан Трапановски.
