Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шилегов тврди дека раководството го довело СДСМ до најниската партиска поддршка и бара оставка
Македонија

Шилегов тврди дека раководството го довело СДСМ до најниската партиска поддршка и бара оставка

21/01/2026

AA

Поранешниот градоначалник на Скопје и истакнат член на СДСМ, Петре Шилегов, најави дека ќе побара оставка од актуелното партиско раководство, обвинувајќи го за драматичен пад на поддршката и за, како што кажа, катастрофални резултати од работењето.

„Да ја сведете поддршката на партијата на само стотина илјади гласови и 15 пратеници, да станете петта партија во Скопје и трета во Македонија – ако тоа не е катастрофа, тогаш што е?“, рече Шилегов во емисијата „Топ Тема“ на Телма.

Тој најави дека во партијата ќе се појават барања за промена, не само од негова страна, туку и од поширока група незадоволни функционери и пратеници кои, како што посочи, немаат комуникација со раководството. „Кога ќе излезат дел од пратениците, можеби половина пратеничка група, кога дел од општинските организации ќе ги затворат вратите – тогаш ќе сфатите дека мора да си заминете“, порача Шилегов.

Во настапот, тој се наврати и на неговото искуство во партијата, потсетувајќи дека бил отстранет од потпретседателската функција во операцијата „Метла“, а потоа не бил свикан конгресот кој бил побаран веднаш по локалните избори. Сега, пак, го оспорува легитимитетот на претстојниот конгрес поради „апатија, пасивизација и изолација“ во партијата и недостиг од материјали за делегатите.

„Не беше одржан отчетен конгрес по поразот на изборите во 2021. По парламентарните избори 2024 пропадна конгресот, а сега се свикува нов на кој делегатите немаат ниту заклучоци ниту предлог политички одлуки“, рече Шилегов, појаснувајќи дека според статутот општинските организации треба да ги разгледаат материјалите и да дадат мислење, што не се случило.

Според Шилегов, партијата го изгубила својот социјалдемократски идентитет и членовите не можат да се идентификуваат со актуелната политика и одлуки. Тој ја критикува и одлуката на лидерот Венко Филипче СДСМ да не учествува на лидерската средба, оценувајќи дека тоа не било став донесен од партиските тела.

Шилегов посочи и дека нема формална партиска одлука да не се поддржи проектот „Безбеден град“, иако, според него, Филипче јавно го презентирал ставот дека системот може да се употреби против опозицијата. „Тоа не е позиција на партијата, туку лично гледање на Филипче“, рече тој.

Во однос на изборните перспективи, Шилегов изрази уверување дека СДСМ може да го порази ВМРО–ДПМНЕ на евентуални вонредни избори, ако дојде до брза консолидација. „Поразително е да има мнозинско опозициско расположение во земјата, а СДСМ да се натпреварува со ДУИ и Левица за второ или трето место“, рече тој.

Тој ги отфрли обвинувањата дека „одработува за ВМРО–ДПМНЕ“ или дека „станал вмровец“, оценувајќи ги како лични дискредитации поради недостаток од аргументи. „Ќе измислуваат секакви приказни, дека сум пиел или дека сум работел за вмровски фирми – тоа е резултат на немање одговор“, додаде Шилегов, очекувајќи нови напади по неговото гостување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy