Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шилегов: Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што нивните пратеници вадат пасоши со новото уставно име
Македонија

Шилегов: Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што нивните пратеници вадат пасоши со новото уставно име

22/02/2024

AA

Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов во емисијата Вин Вин на Телма Телевизија.

-Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Левков, Бојан Стојановски, Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно име Северна Македонија. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓето, рече Шилегов.

На сметка на државата, на сметка на општеството ДПМНЕ постојано создава проблеми, за политички поени, додаде Шилегов.

-Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и после врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се слика на граници има извадено дипломатски пасоши ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните, додаде Шилегов.

ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со измена на Закон ќе може да патуваат во земји, тоа не е коректно и неодговорно кон граѓаните, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy