
Шестмина од Сити во идеалните 11, има место и за Меси
Целата одбрана, со исклулок на голманот, е од редовите на англискиот тим: Кај Вокер, Џон Стоунс, Рубен Диас, плус играчите од средниот ред Бернардо Силва и Кевин де Брујне и напаѓачот Ерлинг Халанд. Интересно е тоа што го нема Родри кој беше прогласен за најдобар играч во финалето од Лигата на шампионите и го постигна голот за победа на Манчестер Сити против Интер.
Од останатите петмина, тројца се од Реал: Тибо Куртоа, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор, а последните двајца се Килијан Мбапе и Лионел Меси.