Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шести ден се трага по малата Данка
Магазин

Шести ден се трага по малата Данка

31/03/2024

AA

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, која се води како исчезната од 26 март во Бањско поле кај Бор во Србија, влезе во шести ден.Како што јави Радио-телевизија на Србија, полицијата пребарува дел од Брестовачка река, а хеликоптери го прелетале поширокото подрачје на исчезнувањето на девојчето.Специјални екипи досега ја пребарале околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не нашле никакви траги од тоа дека Данка е таму.Министерството за внатрешни работи на Србија продолжува со оперативната работа и на 31 март. Родителите на девојчето, особено мајката со денови беа испрашувани во полициска станица.
 
Двегодишната Данка Илиќ, која исчезна околу 13 часот на 26 март, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики.На денот на исчезнувањето на девојчето, полицијата за прв пат во Србија го активираше системот „Најди ме“ (Amber Alert) кој итно ја информира јавноста за исчезнување на дете.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека информациите од Босна и Херцеговина кои се појавија на социјалните мрежи за исчезнувањето на девојчето се лажни.

На 28 март, Федералната полициска управа (полициска управа на ентитетот БиХ Федерација на Босна и Херцеговина) врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Србија, уапси три лица за кои се сомнева дека преку социјалната мрежа ТикТок објавиле дека се поврзани до исчезнувањето на Данка Илиќ.

Припадниците на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал ја идентификувале IP адресата на корисник на сметка од територијата на Босна и Херцеговина, кој на TikTok изјавил дека девојчето е во неговиот подрум.Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа ги уапси Б.Т, З.Т и М.Т. извршил претрес и утврдил дека информациите дадени од осомничениот се лажни.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно апелираше до медиумите да не објавуваат непроверени и неточни информации, бидејќи на тој начин ја загрозуваат истрагата.

 
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy