Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕСТ ОД ДЕЦАТА ОД „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ ПОЗИТИВНИ НА СТОМАЧЕН ВИРУС Водата во училиштето е безбедна
Македонија

ШЕСТ ОД ДЕЦАТА ОД „ДИМО ХАЏИ ДИМОВ“ ПОЗИТИВНИ НА СТОМАЧЕН ВИРУС Водата во училиштето е безбедна

29/11/2025

AA

Целосно се завршени анализите на мострите од вода земени од ОУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа се во рамките на реферетните вредности, а тешки метали не се пронајдени, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храната и од работните површини, најдени се фекални бактерии enterobacteriacea во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и во кујната. Од добиените 7 примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во ИЈЗ од децата кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на норовирус“, се вели во соопштението од ИЈЗ.

Во текот на викендот, приправни и дежурни екипи од ИЈЗ се на работа и ги анализираат добиените мостри, како и биолошкиот материјали добиени претходните денови од училиштата, со цел брзо,точно и ефикасно справување со ситуацијата.

За дополнително пристигнатите мостри од другите 9 училишта од општина Карпош, ИЈЗ ќе информира во понеделник.

„ИЈЗ е во постојана комуникација со другите надлежни институтиции и за сите дополнителни инфромацвии ќе ја информира јавноста“, се наведува во соопштението.

Норовирусот, познат и како зимски стомачен вирус, предизвикува акутен гастроентеритис – воспаление на желудникот и на цревата. Болеста се јавува нагло, со повраќање и воденаста дијареја

Досега вкупно 13 деца побарале медицинска помош.

Пред 3 дена повеќе деца од училиштето „Димо Хаџи Димов“ од Влае се пожалија на стомачни тегоби, со повраќање. Институциите се посомневаа на труење со храна, ја затворија училишната кујна и спроведоа тестирања на мостри од храната, од вработените и од разни површини.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЕЧКА НАПАДНА ДОБИТОК ВО ГОСТИВАРСКО КАЛИШТЕ Сточарите бараат помош од

26/10/2026
Македонија

ИГРАЧ ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.174.004 ДЕНАРИ Видеолотарија

26/10/2026
Македонија

ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА ПРИМЕНАТА НА Е-ПАРИЧНИКОТ Дигитална лична карта и

26/10/2026
Македонија

БЕТОНСКИ ЛАВИРИНТ НАМЕСТО ХУМАН ЦЕНТАР Со Герасимовски потребите на жителите

26/10/2026
Македонија

СРПСКИТЕ ГРАЃАНИ ПОКАЖАА ДЕМОКРАТСКА ЗРЕЛОСТ Честитка од Сиљановска Давкова за

26/10/2026
Македонија

ЧЕСТИТКА ОД МУЦУНСКИ ЗА ПОБЕДАТА НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА

26/10/2026
Македонија

ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ГО ПРИЈАВИЛ ЦЕЛИОТ СВОЈ ИМОТ? За хронични лажговци

26/10/2026
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46370
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЕЧКА НАПАДНА ДОБИТОК ВО ГОСТИВАРСКО КАЛИШТЕ Сточарите бараат помош од државата

26/10/2026

Жителите на гостиварското село Калиште, во Општина Врапчиште, се соочуваат со вистински кошмар откако кафеава мечка упаднала во селото и

ИГРАЧ ОД ТЕТОВО ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.174.004 ДЕНАРИ Видеолотарија Касинос Австрија во септември исплати

26/10/2026

Играч од Тетово е најновиот среќен добитник на Супер милионер на ВЛТ терминалите на Видеолотарија Касинос Австрија! Тој освои џекпот

ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА ПРИМЕНАТА НА Е-ПАРИЧНИКОТ Дигитална лична карта и возачка дозвола на мобилниот телефон

26/10/2026

Од четврток почнува официјалната примена на електронскиот паричник што значи дека граѓаните ќе можат на својот мобилен телефон да ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy