Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕСТ НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ: ќе се вработат 2.000 граѓани, еве ги деталите
Економија

ШЕСТ НОВИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ: ќе се вработат 2.000 граѓани, еве ги деталите

11/12/2024

AA

Владата денеска преку соопштение се пофали дека по промената на власта во Македонија се реализирале шест нови странски инвестиции. 

– Инвестициски бум се случува во Македонија изминатите шест месеци. Шест месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ значи шест нови странски инвестиции и над 2000 нови вработувања – се потенцира во нивното соопштение. 

Тие посочуваат дека првата инвестиција на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и значи 630 нови вработувања, а со инсталирање на 55 ветерници со електрична енергија ќе се снабдат 100.000 граѓани.

Втората инвестиција на германско-белгиска „Епсотех Аим“ е за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Нејзината вредност е од 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

– Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.
Четврта инвестиција која ја донесе Владата во рок од шест месеци е за производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора дури нови 700 вработувања.
Петтата инвестиција на компанија „Брејнчајд“ во зоната Жабени е во вредност од 8,5 милиони евра, а ќе вработи околу 100 лица.
И шестата инвестиција е на „АД БАУ Интернационал“ која е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти е во вредност од 7 милиони евра и отвара 200 нови вработувања – се нагласува во сооштението. 

Меѓу другото потенцираат дека и покрај лошата економска состојба која ја наследиле, како Владата работат посветено и спроведуваат економски политики со кои привлекуваат нови странски инвестиции.

– Како Влада воспоставуваме партнерски и деловен однос со странските и домашни инвеститори, отвораме нови работни места и придонесуваме за подобрување на бизнис климата и животниот стандард на граѓаните. Владата работи посветено на забрзување на економскиот развој. Наш приоритет е стабилна македонска економија – потенцираат во соопштението. 

Сепак, јавноста памети дека две од овие инвестиции се договорени во времето на владеење на претходната владина коалиција, СДСМ и ДУИ, кои сега се во опозиција. Во една прилика, кога поранешниот вицепремиер за економки прашања Фатмир Битиќи потсети дека за инвестицијата на германската „БМЗ груп“ работел со месеци да ги договори условите, Мицкоски му се заблагодари за заслугата.
Од опозициската СДСМ исто така посочија дека инвестицијата на „Алказар Енерџи“ е исто така договорена во нивниот мандат, а беше посочена и „Епсотех“ како инвестиција на „Вабтек“ како инвестиција договорена во нивниот мандат. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy