Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шест лица криумчареле Кинези, полицијата ги уапси
Магазин

Шест лица криумчареле Кинези, полицијата ги уапси

14/07/2025

AA

Вчера, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, под раководство на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска операција во која е сузбиена шестчлена организирана криминална група, која подолг временски период била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на криумчарење на мигранти на територија на Република Северна Македонија. При реализацијата, спречен е и транспорт на шест мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице.

Имено, во период од април до 13 Јули 2025 година, А.И., Б.И., Б.З., В.Т., В.Т. и Р.Р., со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, во повеќе наврати извршиле криумчарење на илегални мигранти, со што се стекнале со значителна противправна имотна корист. Мигрантите на територија на РСМ биле илегално пренесувани од Србија, преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на с.Лојане, општина Липково, од каде со помош на водичи т.н. „качаци“, биле доведувани на претходно договорени локации. На овие локации, А.И. и Б.И. ги прифаќале мигрантите и со возила ги превезувале до локации во околина на Куманово, од каде Б.З. ги прифаќал и ги превезувал до околината на Гевгелија во близина на границата со Грција, каде пак ги прифаќал В.Т. и пеш ги упатувал до граничната линија со Грција на т.н. зелена граница. Како претходница т.н „чистач“ на сите транспорти на мигранти вршени од Б.З. бил В.Т., кој користел разни видови на патнички моторни возила. Криумчарењето на мигранти Б.З. го вршел така што, од возилата со кои го вршел транспортот ги отстранувал оригиналните регистарски ознаки и ставал регистарски ознаки кои потекнувале од други моторни возила, нерегистрирани или од возила кои биле претходно одјавени.

По претходен договор помеѓу А.И., Б.И., Б.З., Р.Р. и В.Т., на 13.07.2025 било организирано прифаќање, привремено засолнување и превезување на шест лица илегални мигранти од Кина, од кои едно малолетно лице. Б.И. како возач и А.И. како совозач во возилото, од околината на с.Лојане во близина на граничната линија помеѓу Србија и РСМ прифатиле шест мигранти и ги транспортирале до локација во близина на с.Пчиња. Таму Б.З. како возач и Р.Р. како совозач ги прифатиле мигрантите, а како т.н. „чистач“ бил В.Т.. При тоа, Б.З. не застанал на даден знак од полициски службеници туку почнал да се движи наназад со возилото во обид да избега, но за кратко време лицата се лишени од слобода, а пронајдени се и мигрантите од Кина. Мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Гази Баба во Скопје, а лишените од слобода се задржани во полициска станица за понатамошна постапка. Истовремено, на подрачјето на Гевгелија, поради претходно обезбедени докази, од слобода е лишен и В.Т..

Истиот ден (13.07.2025), постапувајќи по наредби за претреси во дом и други простории, издадени од судија на претходна постапка, извршени се претреси на вкупно пет локации на подрачје на Скопје и Куманово, при што се пронајдени и одземени три патнички моторни возила, мобилни телефони кои лицата ги користеле за извршување на кривичното дело, СИМ картички, пари и др.

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 14.07.2025 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против шест лица и тоа, против А.И. (46), Б.И. (26), двајцата од Куманово, Б.З. (28), В.Т. (38) и Р.Р. (19), тројцата од Скопје и В.Т. (56) од Гевгелија, сите за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ (член 418-б став 2 и став 4) во врска со кривично дело „соизвршителство“ (член 22) од Кривичен законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy