
Шест години од крвавиот четврток – пратениците ги добија на суд напаѓачите, за новинарите се уште нема правда
На денешен пред пред шест години се случи 27 април или таканаречениот – крвав четврток.
На овој ден се случи дотогаш невиден настан во македонската демократија.
Имено, демонстрантите кои секојдневно протестираа на улиците, влегоа во македонското Собрание и нападнаа пратеници.
Меѓу нападнатите имаше и бројни новинарски екипи кои беа таму да ги извршуваат своите работни задачи – да известуваат и да ѝ пренесат на јавноста што се случува во Законодавниот дом.
По овој настан следуваа судски процеси во кои нападнатите пратеници ги добија своите спорови против напаѓачите, но за жал тоа не важеше и за нападнатите новинари.

