
Шест активни пожари во Македонија
Состојба со пожари на отворен простор до 18:00 часот, на ден 19.07.2025 година:
Вкупно 25 пожари, од кои:
6 активни
1 под контрола
18 изгаснати
АКТИВНИ: 6
Општина Василево: с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Општина Македонски Брод: с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп: помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Велес: кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума); поради силен ветер повторно активиран, со краци во неколку правци
Општина Желино: (шумски пожар)
Општина Македонски Брод: помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); повторно разгорен поради силен ветер
ПОД КОНТРОЛА: 1
Општина Тетово: с. Фалише (ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 18