Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шерифовиќ за сурогат-мајката што ѝ го роди синот: Некои луѓе седат под карпа
Магазин

Шерифовиќ за сурогат-мајката што ѝ го роди синот: Некои луѓе седат под карпа

01/11/2024

AA

Марија Шерифовиќ на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио, кој ѝ го роди сурогат-мајка. 39-годишната пејачка на оваа тема проговори при неодамнешното гостување во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ.

„Во Америка сум од 2014 година, тогаш не беше релевантно. Немаме доволно време да разговараме за ова детаљно. Сè што правев, правев по совет на најдобрите лекари во САД. Во едно интервју јас реков дека по неколку неуспешни обиди, единствено решение беше тоа“, раскажа Марија.

„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето во весници, емисии, утрински програми велат дека оваа жена е врзана за радијатор, како ја малтретирале. Почитувани, ова е процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани документи“, додаде Шерифовиќ.

Таа изјавила дека сурогат-мајките не се третираат како робови, како што многумина мислат, и дека во нејзиниот случај сурогат-мајката добивала третмани, како масажи и помош од чистачка на куќата.

„Таа е жената што помогна да ми се исполни мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, разговаравме секој ден, заедно ги поминувавме сите предизвици во бременоста, заедно одевме на прегледи“, изјави претходно Марија.

Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат-мајка. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа кога ќе дојде време.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИЗМАМИЛ ТЕТОВКА ЗА 3.000 ЕВРА Ѝ ветувал работна виза за

23/02/2026
Македонија

ДУИ ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: Позитивна одлука за да се

23/02/2026
Македонија

ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо

23/02/2026
Македонија

ЈАНЕВСКА ВО МАНУ: Критериумите за професорите мора да се кренат,

23/02/2026
Македонија

📽️ ТЕЛМА ОБЈАВИ СНИМКИ ОД ОСОМНИЧЕНИОТ СЕРИСКИ УБИЕЦ ОД СТАРО

23/02/2026
Македонија

📽️ ГИ ЧУВАЛ ДРОГАТА И ВАГАТА ВО ПОДРУМ ОД ЗГРАДА

23/02/2026
Македонија

ПАДНА ДИЛЕР ВО БИТОЛА: 29-годишник криел марихуана во визба, заработи

23/02/2026
Македонија

НОГАТА СЀ УШТЕ „ЛЕПИ“ НА ПЕДАЛОТ ЗА ГАС За една

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41816
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗМАМИЛ ТЕТОВКА ЗА 3.000 ЕВРА Ѝ ветувал работна виза за Германија

23/02/2026

Во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово вчера пријавила дека била измамена од едно лице од Тетово за сума од

ДУИ ЗА ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ: Позитивна одлука за да се докаже вистината, бараме неселективна правда

23/02/2026

Демократската унија за интеграција (ДУИ) официјално се огласи по повод враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби во земјава. Партијата ја

ЛАГА Е ДЕКА ЌЕ НЕМА ВОНРЕДНО СТУДИРАЊЕ Законот за високо образование се подготвува заедно со

23/02/2026

  Министерството за образование и наука не е спротивставена страна на академската заедница, напротив во соработка со универзитетите го започнавме

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy