Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕНГЕН ЈА БЛОКИРАШЕ БУГАРИЈА: Хаос на граничниот премин Градина, од Србија се чека 20 часа, транспортерите се нервозни, властите ги засилуваат контролите
Регион

ШЕНГЕН ЈА БЛОКИРАШЕ БУГАРИЈА: Хаос на граничниот премин Градина, од Србија се чека 20 часа, транспортерите се нервозни, властите ги засилуваат контролите

12/01/2024

AA

Последните неколку дена на автопатот на источниот крак од Коридорот 10 има километарски колони камиони. Поради зголемената контрола на бугарската царина, на граничниот премин Градина луѓето чекаат и до 20 часа за излез од Србија, или за влез во соседна Бугарија.

Редот на камиони на преминот Градина утринава е долг 10 километри, а излезот од Србија се чека речиси 24 часа, пишува српски Курир.

Најголем дел од камионите се со бугарски и турски регистарски таблички. Возачите се нервозни и незадоволни поради долгото чекање, особено во деновите кога утринските температури се екстремно ниски.

– Нормално, на овој премин има гужви, но ова е надвор од секоја граница. Беше минус 11 степени, но имаме вебасто систем, па се загреваме, но не е лесно. Сегашната ситуација е навистина лоша, но има решение. Неопходно е државата да биде малку поактивна околу тоа – вели еден возач.

Возачите известуваат дека големи редици има и на другите премини, поточно кај Батровци, а потоа и во Турција.

– Во последно време стана нормално. Стана нормално дека испаѓаме на границите. Што да смениме, само блокадите. Мислам дека Бугарите сега прават проблем, но не знам што е во прашање – додава возачот кој од Загреб замина за Бурса.

Неофицијално се дознава дека царината на Србија работи вообичаено и дека побавната контрола на бугарската царина е главната причина за големиот метеж.

Во меѓувреме, бугарската царина соопшти дека поради подготовката за влез на Бугарија во Шенген зоната, зголемени се проверките на сите премини. Контролите ќе останат во сила додека Бугарија целосно не пристапи кон Шенген, се вели во соопштението.

Сообраќајната полиција ги запира камионите на наплатната рампа Димитровград, за да нема гужви во тунелите и да не биде загрозена безбедноста на патниците во автомобилите и автобусите.

Курир.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Марјановиќ: Скринингот за рак во Македонија е хаотичен и недоволен

07/04/2026
Македонија

ПРОТЕСТОТ Е ЛЕГИТИМЕН, НО ТРЕБА ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ Вреди најави разврска

07/04/2026
Македонија

Велев: Радовиш, Кочани и Ресен најпогодени од недостигот на специјализиран

07/04/2026
Македонија

Кузмановска: Најмногу пациенти чекаат трансплатација на бубрег, но се чека

07/04/2026
Македонија

Кузмановска: Напредок во трансплантациите, но недостигот од согласност од семејствата

07/04/2026
Македонија

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБИ СО „ШЕВРОН“ ВО ВАШИНГТОН Македонија во потрага

07/04/2026
Македонија

Клековски: Секој петти вработен во униформните служби е на боледување

07/04/2026
Македонија

Клековски: Аптеките имаат обврска да обезбедат лекови на рецепт, граѓаните

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42223
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Марјановиќ: Скринингот за рак во Македонија е хаотичен и недоволен

07/04/2026

Ана Марјановиќ од Хемаонко, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, предупреди дека македонскиот здравствен систем е недоволно подготвен за онколошки

ПРОТЕСТОТ Е ЛЕГИТИМЕН, НО ТРЕБА ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕШЕНИЕ Вреди најави разврска околу барањата за правосудниот испит

07/04/2026

Коалицијата ВРЕДИ соопшти дека внимателно ги следи случувањата поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик и реакциите на

Велев: Радовиш, Кочани и Ресен најпогодени од недостигот на специјализиран кадар за дијабетес

07/04/2026

Димче Велев од Сојуз на здруженија на лица со дијабетес во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ предупреди дека најголемиот предизвик

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy