
Шефот на железничката станица во Грција направил уште една грешка на денот на кобната несреќа
Шефот на железничката станица во Грција истиот ден кога се случи несреќата во која загинаа 57 луѓе, испратил уште една композиција на погрешен колосек.
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во свое име и во име на сите претходни влади им се извини на семејствата на загинатите и кажа дека истрагата мора да биде детална, да се каже целосната вистина, да се утврди одговорноста и дека нема криење зад човечка грешка.
Шефот на станицата во Лариса, чија грешка предизвика два воза да се најдат на иста пруга, е во истражен затвор. Тој ја призна одговорноста, no тврди дека не го напуштал работното место, дека не пиел и дека немало веселба во станицата.
Извесно е дека во моментот на трагедијата покрај него немало двајца контролори, иако тоа било задолжително. На обвинетиот му се заканува казна затвор од 10 години до доживотно. Инаку, во Грција избија насилни протести по несреќата.
фото EPA