Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕФОТ НА ЈАКУЗА УАПСЕН ВО ФИЛМСКА ТАЈНА АКЦИЈА „Застрашувачки е да се замислат последиците за светот доколку неговата операција беше успешна!
Македонија

ШЕФОТ НА ЈАКУЗА УАПСЕН ВО ФИЛМСКА ТАЈНА АКЦИЈА „Застрашувачки е да се замислат последиците за светот доколку неговата операција беше успешна!

22/02/2024

AA

Властите на САД покренаа обвинение против Такеши Ебисава (60), јапонски државјанин и наводен шеф на Јакуза, за заговор кој вклучувал шверц на нуклеарни материјали во Иран.

Ебисава, заедно со Сомфоп Сингхасири, 61-годишен тајландски државјанин, беа обвинети, меѓу другото, и за трговија со дрога, откако нивните наводни злосторства беа откриени со тајна операција предводена од американската Администрација за борба против дрога (ДЕА).

– Тие отидоа дотаму што на Техеран му понудија ураниум и плутониум во очекување дека Иран ќе го искористи за создавање нуклеарно оружје – изјави Ен Милграм, шеф на ДЕА.

Во обвинението понатаму се наведува дека „криминалните активности на Ебисава вклучувале трговија со наркотици и оружје од големи размери“ и дека неговата меѓународна криминална мрежа се протегала во Азија, Европа и Соединетите Држави.

Што се однесува до самата акција, на почетокот на 2020 година, Ебисава наводно му рекол на таен извор на агент на ДЕА дека има пристап до „голема количина нуклеарен материјал што сака да го продаде“.

Тајниот агент се претставил како шверцер на дрога и оружје со врски со ирански генерал, а наводно се работи за „50 тони темен камен материјал“, чија вредност се проценува на 6,32 милиони евра.

„Материјалот од темен камен“, кој дошол од Мјанмар, бил запленет од тајландската влада и предаден на американските инспектори. Во лабораторија во САД беше потврдено дека материјалот содржи ураниум и плутониум.

– Страшно е да се замислат последиците по светот доколку нивната операција биде успешна. Американското Министерство за правда ќе ги смета за одговорни сите оние кои ги продаваат овие материјали и ја загрозуваат националната безбедност и меѓународната стабилност на САД – најавија американски официјални лица.

Ебисава е обвинет и за купување воено оружје во име на вооружена бунтовничка група во Мјанмар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy