Шчесни: Ќе покажев непочитување ако не размислев за понудата од Барселона
Барселона поради повредата на Марк Андре Тер Штеген кој ќе биде надвор од терените околу осум месеци мораше да бара решени, а опција беа само голманите кои немаат клуб.
Шчесни одлучи да се повлече по заминувањето од Јувентус, но сега ќе се врати и според најавите ќе потпише договор до јуни 2025 година.
За медиумите Шчесни ја даде и првата изјава со која најави дека ќе застане на голот на каталонскиот гигант.
„Многу ја почитувам Барселона. Станува збор за еден од најдобрите клубови во светот и ќе покажев непочитување ако не размислев за оваа опција“, изјави Шчесни.
Полскиот голман кој има 34 гоидни во кариерата бранеше уште за Арсенал, Јувентус, Рома и Брентфорд.