
Шалке по скоро четири месеци конечно победи во Бундеслигата (ВИДЕО)
Составот од Гелзенкирхен последен пат победи на 9 ноември, по што следуваа само порази и нерешени дуели. Творци на триумфот беа Дрекслер и Билтер со погодоци во првото полувреме, додека Борна Соса во 63. минута само го намали резултатот.
Но, ниту овие три бода не го тргна Шалке од последното место на табелата, но барем му ги зголеми шансите за евентуален опстанок. Овој клуб сега има 16 бодови, три помалку од Бохум, Хофенхајм и Штутгарт, а четири помалку од Херта.