
Шалке ја здроби Херта и ја турна на последно место (ВИДЕО)
Шалке со петтиот сезонски триумф дојде до 24 бода, сега е трет одзади со само два бода помалку од првиот во сигурната зона Бохум, а четири зад Хофенхајм, кои имаат и меч помалку, но гигантот од Гелзенкирхен, кој сезонава се врати во елитното друштво сега има големи шанси до крајот да се спаси, иако во првиот дел од сезоната делуваше безизлезна ситуацијата.
Дека Шалке ќе победи, најавија „рударите“ по само 14 минути откако Шарке и Бултер дадоа по еден гол, а Стефан Јоветиќ ја врати Херта во мечот на крајот од полувремето. Но, Тероде по само три минути од стартот на вториот дел ја врати предноста од два гола, а Бултер со втор гол на 12 минути пред крајот ги дотепа противниците, па Херта во завршницата успеа само да даде втор гол на мечот преку Рихтер во 84-та минута, а Камински во 92-та да го завери триумфот.

