Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири во Брисел: Градиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование кое обезбедува знаења, вештини и компетенции што одговараат на новите глобални предизвици
Македонија

Шаќири во Брисел: Градиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование кое обезбедува знаења, вештини и компетенции што одговараат на новите глобални предизвици

30/05/2023

AA

Република Северна Македонија ги почитува препораките на Европскиот совет поврзани со предучилишното, училишното, стручното, високото образование и образованието за возрасни, младинското волонтерство и мобилноста. Националните институции од сферата на образованието секојдневно покажуваат сѐ поголема зрелост во меѓуинституционалната соработка и координација. Работиме на унапредување на квалитетот на воспитно – образовниот процес на сите нивоа, засновајќи ги политиките на стратешки документи и законски решенија донесени во инклузивен процес, со вклучување на сите засегнати страни. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири во излагањето на билатералниот скрининг за Поглавје 26 – Образование, култура, млади и спорт што денеска се одржа во Брисел.

Министерот Шаќири наведе дека уставно е загарантирано правото на образование,  достапно за секого, под еднакви услови. Врз основа на Стратегија за образование 2018-2025 година, во тек е темелна реформа на основното образование, што се одвива етапно и преку новите наставни програми и материјалите за учење поттикнува на креативност, критичко размислување и иновативност. Во средното образование, фокусот е на учењето преку работа, односно дуално образование, што овозможува стекнување на квалитетни практични вештини за кои има потреба на пазарот на труд. Тоа ги зголемува можностите за брзо вравботување на средношколците но, и за успешно продолжување во високото образование. За зголемување на интересот на младите секоја година се организираат социјални дијалози и се дизајнираат политики на стипендирање. Во делот на високото образование, од аспект на заложбите за подигнувањето на квалитетот на академската надградба, делува Агенцијата за квалитет во високото образование, во чиј состав се Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за евалуација во високото образование.

„Нашата визијата е да обезбедиме сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон ученикот – децата, младите и возрасните, со современи програми што овозможуваат идните генерации да стекнат знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент“, укажа министерот Шаќири.

Во сесијата прашања, државата беше пофалена за реформата во основното образование и значајниот напредок во дигитализацијата како и во обуките на наставниците за новите наставни програми. Беше поздравен напредокот во учеството на девојките во СТЕМ науките и беше искажано очекување дека позитивните процеси ќе продолжат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy