Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири вели дека нема пари за печатење на сите учебници – ВМРО-ДПМНЕ: Од многу фалење стигнавме до немање пари, на што се трошат 450 милиони евра?
Македонија

Шаќири вели дека нема пари за печатење на сите учебници – ВМРО-ДПМНЕ: Од многу фалење стигнавме до немање пари, на што се трошат 450 милиони евра?

27/03/2023

AA

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во изјава за „Детектор“ призна дека нема доволно пари за да се испечатат сите учебници.

Тој вели дека има многу стручни предмети за да можат сите да бидат покриени.

„Реално, немаме пари за учебници по сите предмети во средно образование“, кажа Шаќири и додаде дека главна причина за доцнењето на учебниците биле воведените реформи и дека само одделенијата кои учат по новата програма имаат проблеми со учебници.

Вчера министерот за образование Јетон Шаќири во една реченица ја опиша целата мизерија на власта, тој во телевизиска дебата со мене призна – „Реално немаме пари за учебници по сите предмети во средно образование“.

Од ВМРО-ДПМНЕ оваа изјава ја нарекоа срамна од повеќе аспекти.

Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција посочи дека МОН оваа година има буџет од 450 милиони евра, што е за 8,4% поголем од буџетот за 2022 година.

„Шаќири при неговата презентација во Владата на почетокот на годината се фалеше дека се гордее со буџетот кој е развоен и ќе има и за нови инвестиции, и за учебници и за поголеми плати.

Од многу фалење стигнавме до немање пари, па оттука прашуваме на што се трошат 450 милиони евра пари кои МОН ги има во буџетот, ако нема пари за учебници?

Да потсетиме дека оваа Влада немаше пари ниту за свидетелства, кои доцнеа, ниту за учебници во основно кои ги печатеа за еднократна употреба.

Признанието е крајно поразително ако се земе во обѕир дека оваа Влада има пари за златни лажици, ф`стаци и бифтеци, за нови службени возила, за прослави на Рамковен договор и годишнина од формирање на Владата, за енормно скап километар автопат, за братот на Артан Груби, за надзор на градежни фирми кои до вчера произведувале долна облека, за оштета за неизграден Клинички центар – 8 милиони евра, дури и за дресирање на магариња.

Добро образование и добро структуриран образовен систем ги одредува аспирациите и потребите на државата, како и неjзината иднина, односно судбина. Веќе е сосема познато дека нашето образование е во постојан пад и веќе е на работ на комплетен колапс. Од последната анкета спроведена од Институтот за политички истражувања, а во врска со образованието во Македонија се гледа дека населението е незадоволно од повеќе елементи во образование од кои најмногу од наставните програми, и учебници.

Книгите, односно учебниците, почитувани, за образованието, се од суштинско значење и тие се основа за сите други видови учења. Без нив оние што учат би немале ниту појдовна точка, ниту начин за проценка на својот напредок.

Непотребно е уште да набројувам, разочарувачки е, депресивно и срамно е. Македонија по прв пат од нејзиното постоење има пари за се’ и сешто, а нема пари за книги.

Се прашувам дали се во право оние кои тврдат дека ова не е случајно“, вели Јаневска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy