Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири уверува: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници
Македонија

Шаќири уверува: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници

11/09/2023

AA

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците.

Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи утре ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто и дека веднаш, како што рече, ќе се пристапи кон нивна техничко-графичка обработка, превод и достава во училиштата.

– Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември, изјави Шаќири во Охрид, по отворањето на меѓународната научна конференција во чии рамки се спроведува работилница за обука за Европскиот облак за отворена наука (EOSC).

Министерот и овојпат на новинарски прашања одговори дека доцнењето се должи на тоа што првпат по подолг период има нови наставни програми согласно кои се изработува учебник. Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите.

– Барам разбирање бидејќи знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење, додаде Шаќири.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy