Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири очекува Владата да разгледа нов предлог за решение за проблемите што произлегоа од дојавите за бомби во училиштата
Македонија

Шаќири очекува Владата да разгледа нов предлог за решение за проблемите што произлегоа од дојавите за бомби во училиштата

02/03/2023

AA

Вчера бил најголем број на училишта што добиле заканувачки пораки за поставени бомби, некои од нив првпат добиле дојава и не биле подготвени да ја спроведат препораката од МОН за онлајн-настава, одговори министерот Јетон Шаќири во врска со поплаки од ученици дека не можеле да  се вклучат на платформата.

-Вчера беше првиот ден по првите препораките што ги добија училиштата само во Скопје. Повеќе од 90 отсто од проблемите се само во Скопје. По тие препораки вчера беше првиот ден кога ги видовме проблемите во изведување на онлајн-наставата и проблемите што произлегоа за родителите. Некои од училиштата не очекуваа и во претходниот период немаа дојави за бомби. Училиштата што ги добија препораките во петок и кои пристапија со лозинките во системот тие вчера немаа проблем. Некои од училиштата што вчера првпат добија дојава за бомба, за половина до еден час ги надминаа проблемите, изјави Шаќири и додаде дека МОН е против онлајн-настава но одлуката ја донеле по препораките за безбедност.

Рече дека очекува во најбрз можен рок Владата да ги дискутира сите проблеми што произлегоа – во целодневната настава, проблемите што ги имаат родителите  што се вработени за да може, како што рече, да се најде нов предлог за решение по препорака на надлежни институции, со оглед на тоа што се зголемува бројот на училишта што добиваат дојави, а таргет сега се и основците покрај средношколците.  Рече и дека ќе се анализира ситуацијата, ќе се земат искуствата од други земји и ќе се разгледува електронската комуникација.

Дали се размислува сите средни училишта да преминат на онлајн-настава, тој одговори дека „не е лесна  одлука“ дали тоа да биде за средните во Скопје или во цела држава.

-Не брзаме да донесеме таква одлука, зашто таква одлука би требало да се донесе и за основните. Затоа што вчера и денеска има повеќе дојави за основни отколку за средни училишта. На почетокот не беа таргет основците, беа само средношколците, сега дојави има и во основните училишта што отвора нов проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарски прашања по состанок на Управниот комитет на Меѓународниот институт за одржливи технологии на Југоисточна Европа (SEEIIST).

Во однос на тоа дали ќе има последици за државната матура, Шаќири рече дека Државниот испитен центар ги презема сите чекори за таа да се организира успешно.

-Матурите ќе се организираат, формирана е работна група за сите работи за да не се остава на случајности, додаде министерот за образование и наука.

На прашање дека само државните, а не и приватните училишта добиваат дојави за бомби, Шаќири одговори  дека и тој се прашува зошто „вакви лоши намери“ има само за државни установи.

-Не велам и тие да добиваат, но да немаат ниту државните, рече министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА

30/09/2026
Македонија

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за

30/09/2026
Македонија

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА

30/09/2026
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45888
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЃАВОЛОТ ЈА ПЛАТИЛ КАЗНАТА ОД 8.000 ЕВРА ШТО МУ ЈА ОДРЕДИ КРИВИЧНИОТ СУД Адвокатот Стафа

30/09/2026

Осудениот во случајот „Синџир“ Љупчо Пецов – Ѓаволот, кој беше осуден на условна казна затвор од 2 години на 2

ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за темите што ги кочат евроинтеграциите

30/09/2026

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евроинтегративниот пат и дали ќе

ФАТЕНИ ТРОЈЦАТА ПОЛЈАЦИ ШТО УПАДНАА ВО ВОЕН МАГАЦИН И ПОБЕГНАА Им се придружија на останатите

30/09/2026

Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги уапсија тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy