Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Градот Скопје и приватните автобуски превозници постигнаа договор, на повидок нормализација на јавниот градски превоз
Македонија

Градот Скопје и приватните автобуски превозници постигнаа договор, на повидок нормализација на јавниот градски превоз

02/03/2023

AA

Градот Скопје и приватните автобуски превозници вчера постигнаа договор за надминување на неколкумесечниот спор. Претставници на приватните автобуски превозници информираа дека со постигнатиот договор заедно со новите јавни повици за автобуски превоз, ќе почне и исплатата на долгот што Јавното сообраќајно претпријатие „ Скопје“ го има кон нив. Град Скопје, пак, соопшти дека согласно договорот ќе распише нов јавен повик за приватните превозници, со што конечно се очекува нормализирање на јавниот превоз во главниот град.

Претставникот на новото координативно тело на приватните превозници, Јовица Зафировски, вчера информираше дека јавните повици за сите линии ќе бидат објават утре или најдоцна в понеделник.

– На тој јавен повик ќе се пријавиме сите, нема причина да не се пријавиме, условите ни одговараат. Очекуваме дека до 20 овој месец ќе почнеме со работа, изјави Зафировски, појаснувајќи дека ќе има три јавни повици, односно три пакети и ќе бидат опфатени сите линии, меѓутоа, со нова прераспределба.

Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници.

Тој најави и дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изразила подготвеност да ги субвенционира приватните превозници за замена на некои од застарените автобуси.

Градот Скопје потврди дека ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град, наспоменувајќи дека здруженијата на превозници „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на повикот поради пречките кои произлегуваат од раскинатиот договор, кој предвидува забрана за учество на јавен повик доколку договорот биде раскинат пред истекот и по нивна вина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора

30/07/2026
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44768
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гаши по денешните пратенички прашања: Злоупотребата на процедуралните забелешки мора да сопре!

30/07/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy