Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири: Образованието е важен сегмент за надминување на етничките бариери, континуирано работиме на подобрување на меѓуетничката интеграција
Македонија

Шаќири: Образованието е важен сегмент за надминување на етничките бариери, континуирано работиме на подобрување на меѓуетничката интеграција

11/12/2023

AA

Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество кое цели кон меѓусебно разбирање и заедничко живеење на заедниците, едни со други а не едни покрај други. Градењето на општество со што помалку етнички бариери е сериозен предизвик, а образованието е важен сегмент за негово надминување, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на презентацијата на наодите од Истражувањето за перцепциите, мислењата и ставовите за меѓуетничката интеграција и кохезија во основното и средното образование во Северна Македонија, што денес се одржа во Скопје.

Истражувањето го реализираше Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, во соработка со надворешни експерти, на барање на Министерството за образование и наука, на крајот на 2022 година.

Министерот Шаќири укажа дека во воспитно-образовниот процес се вклучени бројни  активности и содржини кои промовираат интеркултурализам.

„Согласно новата Концепција за основно образование, во наставните програми се инкорпорирани целите за меѓуетничка интеграција, училиштата реализираат активностите во оваа насока, Тимот за меѓуетничка интеграција во образованието им обезбедува поддршка на наставниците за вградување на целите од образованието за меѓуетничка интеграција во планирањата на наставата, училиштата водат политика на почитување на мултикултурализмот и меѓуетничката соработка, планираат и реализираат заеднички наставни и воннаставни активности со етнички хетерогени групи“, наведе министерот дел од активностите.

За да можат Министерството за образование и наука и другите институции кои работат на меѓуетничка интеграција во образованието, да вршат релевантно програмско планирање, треба да ги знаат ефектите од преземени мерки, активности, иницијативи и проекти за меѓуетничка интеграција и кохезија во основното и средното образование.

„Токму ова е целта на Истражувањето, преку наодите да видиме до каде сме, а преку препораките – каде да продолжиме“, посочи Шаќири.

Ова е второ истражување, по иницијалното од 2017 година, и е спроведено на национален примерок од ученици, наставници, родители, стручни соработници и директори на основните и средните училишта, на македонски, албански, турски, српски и на босански јазик.

Министерот изрази голема благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, што го поддржа истражувањето како и за континуираната поддршка што трае речиси една деценија, во насока на зајакнување на социјалната кохезија и промовирање на интегрираното образование.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy