Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири: Образованието е столб на градење општествена кохезија, вложуваме во интеркултурализмот и заедништвото
Македонија

Шаќири: Образованието е столб на градење општествена кохезија, вложуваме во интеркултурализмот и заедништвото

26/01/2024

AA

Ако сакаме да ја градиме Република Северна Македонија како демократска држава во која се почитуваат различностите, како општество со здрави меѓуетнички односи и остварување на правата на заедниците, тогаш е значајно да се стави акцент на интеркултурното образование, нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната јавна расправа за новата Национална стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026, во која образованието е утврдено како една од петте приоритетни области.

„Во изминатите три години изработивме и усвоивме голем број акти и документи од областа на образованието базирани на принципите на интеркултурализам, демократија и недискриминација. Ја усвоивме Концепцијата за основно образование, Упатството за организирање на заеднички наставни часови на ученици кои учат на различен наставен јазик, донесовме Стандарди за интеркултурно образование во кои се развиени клучните интеркултурни компетенции што треба да ги стекнат учениците на крајот на основното и на средното образование, како и повеќе други документи“, посочи Шаќири.

Во основното образование, од прво до шесто одделение, веќе се работи по новите наставни програми изработени врз основа на новата Концепција а неодамна се донесени и новите наставни програми за седмо одделение кои ќе се воведат во наставата од следната учебна година. Министерот објасни дека минатата недела Владата ги утврди двата нови предлог закони – за средно образование и за стручно образование и обука, а штом Законот за средно образование биде усвоен од Собранието, ќе почне изработката на нова концепција за средно образование и етапна промена на наставните програми и за овој степен на образование.

Ова не значи, потенцираше министерот, дека во образовниот систем нема предизвици од аспект на интеркултурното образование, посебно во повеќејазичните училишта, каде се уште има можности за зголемување на комуникацијата меѓу учениците што учат на различни наставни јазици. Ова е заклучок на повеќе истражувања за нивото на меѓуетничка интеграција и кохезија во основното и средното образование, меѓу кои и неодамнешното, спроведено со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Со донесување на Упатството за организирање на заеднички часови се очекува промена на ваквата ситуација, но потребна е дополнителна поддршка како од образовните институции така и на локално ниво од општините“, рече Шаќири.

Осврнувајќи се на новата Национална стратегија за развој на интеркултурализамот и општествената кохезија 2024-2026, министерот Шаќири наведе дека во делот на основното и средното образование се дефинирани 5 мерки и 15 активности. Тие се насочени кон заедничките наставни часови и воннаставни активности, превенирање на физичката сегрегација според јазик на настава, зајакнување на интеркултурните компетенции на наставниците, стручните соработници и директорите, зајакнување на јазичните компетенции, ревизија на списокот на лектири со опфаќање на автори припадници на различните заедници, унапредување на статусот на изборниот предмет за јазикот и културата на заедниците.

Сите тие, како што потенцираше Шаќири, можат да дадат резултати само доколку има искрена волја кај сите чинители: општини, училишта, наставници, ученици, родители, граѓански организации, меѓународни партнери, за создавање социјална кохезија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy