Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири: Ние сме Европа, градиме квалитетно образование согласно највисоките стандарди
Македонија

Шаќири: Ние сме Европа, градиме квалитетно образование согласно највисоките стандарди

17/01/2024

AA

 

Ние и сега и отсекогаш сме дел од Европа. Тоа е водилката што стои зад сé што како Министерство за образование и наука работевме изминативе години во делот на градењето квалитетно образование и приближувањето до глобалните образовни стандарди, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел дискусијата насловена Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ, што во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“ се одржа денес во Скопје.

„Да имаме европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ. Тоа е потреба на нашите ученици, студенти и сите други што формално и неформално стекнуваат знаења и вештини и се вклучени во нивно обезбедување. Во свет што е високо интегриран, такво треба да биде и образованието“, посочи Шаќири, додавајќи дека единствен начин да се приближи квалитетот на домашното образование до посакуваните стандарди е тоа темелно да се реформира.

Промените во основното образование се прават со вклучување бројни чинители: наставници, стручни и научни авторитети, граѓански асоцијации, родители и ученици.

„Зад Концепцијата за основно образование стои и Светска банка како и други релевантни меѓународни организации. Етапно ја реализираме, преку нови наставни програми, вложување во обуки на наставниот кадар и подобрување на инфраструктурните капацитети. Наша цел е учениците да стекнуваат применливи знаења, да научат критички да мислат и да решаваат проблеми, зашто основното образование има значајна улога во подготовката на учениците за иднината во Европа. Наставните програми поттикнуваат глобална свест, промовираат еднаквост, интеркултурализам и активно граѓанство а практично доближување до европските вредности се реализира преку програмата Еразмус+ и проектите во рамки на транснационалната размена на искуства, во кои и основните училишта имаат можност да се вклучат“, нагласи министерот Шаќири.

Тој наведе дека средното стручно образование е исклучително успешна европско-македонска  приказна, каде користиме помош од повеќе партнерски земји, посебно од Швајцарија и Германија во развивањето на моделот на дуално образование. Низ насочено теоретско и практично образование во реална производствена средина, средношколците стекнуваат употребливи знаења, вештини и способности и се баран кадар од домашните но и од интернационалните компании во зоните, иако, со подеднаква успешност, можат и да продолжат со академско образование.

Во високото образование, наш постулат е автономијата на Универзитетот и академската слобода, укажа министерот, објаснувајќи дека од година во година расте бројот на факултети со меѓународна акредитација што реализираат квалитетни студиски програми, и се под контрола на Агенцијата за квалитет во високото образование. Заложбите за дополнително поттикнување на процесите кои значат подобри можности како за наставно – научниот кадар така и за студентите, ќе се реализираат преку измени во регулативата и носење на Нов закон за високо образование. Со политиките во делот на високото образование, исто така, ја поттикнуваме мобилноста на студентите, професорите и научниот кадар со цел поттикнување меѓународна соработка, размена на знаења, подобрување на личниот развој и промовирање на подлабоко разбирање на различни академски полиња.

Министерот Шаќири кажа дека стратешка цел на Министерството за образование и наука е јакнење на европските перспективи за сегашните и идните генерации млади, сé до нивно и формално интегрирање во големото ЕУ семејство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy