Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шаќири ќе побара мислење од БРО за секое прашање кое ја засега јавноста
Македонија

Шаќири ќе побара мислење од БРО за секое прашање кое ја засега јавноста

15/09/2023

AA

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во денешната изјава за медиумите рече дека ќе побара од Бирото за развој на образованието детални информации за спорниот прирачник за наставници и нагласи дека прашалниот е одобрен уште во 2009 година, потпишан од претходниот директор во 2011 година. Тој потсети дека и Бирото ја демантирало информацијата.

Шаќири најави дека ќе побара мислење за секое прашање за кое јавноста има забелешки.

– Не само за тој прашалник, знаете дека еднаш имаше коментари во јавноста дека е учебник, па после се потврди дека е прашалник, се потврди дека не е од овој период, туку од претходниот. Јас не само за овој прашалник туку за сите материјали, за сите други прашалници и за учебниците, за забелешките на јавноста ќе побарам уште еднаш од сите советници во Бирото да ги разгледаат сите материјали што се од претходниот период и ако има образложение за некои материјали да се повлечат, истите да се повлечат, да се разгледаат, да не бидат тие материјали. Но, ако има случај каде има оправдување од страна на Бирото, тие оправдувања треба да ги дадат на јавноста, кои се причините за тие материјали, изјави министерот Шаќири по свеченоста во Ректоратот.

Тој лично не го разгледал прирачникот, најави дека ќе побара мислење од тој период од Бирото, иако и тогаш образложението било дека не е обврска да се користи и најави дека заедно со неговиот кабинет ќе го разгледаат и ќе достават соодветно мислење до Бирото, како понатаму да се постапува.

– Ќе побарам од Бирото дополнително сите материјали, сите прашалници, сите одобрувања што ги дава Бирото за каков било материјал, кој влегува од невладини организации, од различни организации внимателно да се разгледаат, за да не бидат достапни на децата, изјави министерот.

Одговарајќи на новинарски прашања во однос на доставата на учебниците, Шаќири го повтори ставот дека економскиот оператор секојдневно доставува учебници. Тој нагласи дека завчера Националната комисија ги донела последните одлуки и се одобрени учебниците за албански јазик, математика, природни науки, додавајќи дека сега продолжуваат постапките за шесто одделение.

– Ако нема жалбени постапки веднаш и тие учебници ќе продолжат со техничко-графичко регулирање и исто така на печатење, кажа Шаќири.

Тој најави дека наредната недела има точни, детални информации за доставените учебници до секое училиште, она што побарано, колку им се доставени, колку остануваат до крајот на септември да се достават.

– За разлика од претходната учебна година, мислам дека секојдневното доставуваме има училишта каде во делот на организација се доставуваат, има дополнителни барања, но не ги имаат доставено навремено барањата до секторот за педагошка служба. Но, до крајот на септември, транспарентно, детално секој учебник како ќе се достави, кажа министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy