
Сезоната за Нејмар е завршена!
Вечерва пристигна потврда за црното сценарио, па од Ал Хилал соопштија дека Бразилецот ги оштетил вкрстените лигаменти на коленото, но и менискусот, па поради тоа мора да оди на операција.
Нејмар ќе биде надвор од фудбалските терени меѓу шест и девет месеци, односно тоа значи дека за него е завршена сезоната со Ал Хилал.