
Севилја во седмо финале во Лига Европа – Ламела во продолженија го урна Јувентус (ВИДЕО)
Аргентинецот Ерик Ламела, кој во игра влезе во 70-та минута од мечот, погоди пет минути од почетокот на продолженијата за да донесе прва предност на мечот, зашто Душан Влаховиќ ги замолкна шпанските навивачи со гол во 65-та минута, па Сусо шест минути потоа со бомба израмни во бурниот меч со многу извонредни шанси и на двете страни во првиот дел, еден поништен гол со ВАР за „старата дама“, еден недосуден чист пенал и при проверка на ВАР за Севилја.
Имаше Јувентус девет минути со фудбалер повеќе да се избори барем за пенали, но неверојатната глупост на Акуња кој доби втор жолт картон за одолговлекување, не го искористија за да направат сериозна шанса во петте минути до 120-та и уште четирите од надополнувањето.
Севилја трофеите во Купот на УЕФА, сегашната Лига Европа ги освојуваше 2006, 2007, 2014, 2015, 2016 и 2020 година. Севилја и Рома на 31 мај ќе го играат финалето во Будимпешта, а ова ќе биде шесто во кариерата за Жозе Мурињо, кој исто така нема загубено финале.
