
Севилја прокоцка два гола предност во последните пет минути од мечот со Селта (ВИДЕО)
Домашниот тим играше повеќе од 70 минути со фудбалер помалку, но тоа не го спречи да поведе со 2-0 со головите на Ел Несири во 43. минута и на Акуна во 81. минута. Крахот го најави Родригез во 89. минута, додека бодот за гостинскиот тим го донесе Пасенсија во третата минута од судиското надополнување. Акуна набрзо потоа го доби и вториот црвен картон за домаќините.
Севилја со овој бод остана на 13. позиција на табелата во шпанската Ла лига со 32 бода, додека Селта е деветта со четири бода повеќе.

